Повеќе од 100 училишта во Индија затворени поради страв од напади на леопарди

Од:

 Вкупно 129 училишта, меѓу кои и 53 државни, се затворени во индискиот град Бангалоре, поради страв од можни напади на леопарди.

Одлуката на властите е донесена откако едно вакво диво животно е забележано вчера доцна попладне од граджните работници кои работат на периферијата од градот.

Властите ги предупредија жителите да останат во своите домови, додека полицијата и припадници на шумската патрола се обидуваат да го откријат леопардот.

Во неделата, цели десет часа траеше „битката“ на полицијата и шумските чувари за заробување на еден друг заскитан леопард, кој влезе во училиште во Бангалоре, повредувајќи шест лица.

Меѓу повредените беа еден ветеринар, еден од шумските чувари, како и телевизиски камерман кој известуваше за случувањата во училиштето.

– Засега нема одлука дали ќе дозволиме училиштата да работат во текот на утрешниот ден. Тоа ќе зависи од она што ќе се случи со овој втор леопард кој во рок од само неколку дена влегува во градот. изјавил за локалните медиуми претставникот на Владата во Бангалоре, Сатиамурти.

Експертите засега немаат објаснување зашто леопардите се почесто навлегуваат во населени места и градови, кои се на работ од големите шумски комплекси каде живеат дивите животни.

Шумските чувари предупредуваат дека леопардите и другите диви животни се почесто ќе „заскитуваат“ во градовите, доколку продолжи неконтролираното градење со кои се зема земјиште од шумите и од животинскиот свет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати