Денеска, за прв пат од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, Германија забележа повеќе од 100.000 случаи на инфекција регистрирани за 24 часа.
Податоците на германскиот институт Роберт Кох (РКИ) за контрола и превенција на болести, објавени во средата, покажуваат дека во изминатите 24 часа се потврдени 112.323 нови случаи на коронавирус, пренесува ДПА.
Во петокот, германските здравствени власти потврдија 90.000 нови инфекции, во однос на 80.430 претходниот викенд.