Повеќе од 100.000 демонстранти маршираа против Лукашенко

Од:

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар Лукашенко, и покрај новата насилна реакција на армијата и полицијата, јави ДПА.

Демонстрациите беа организирани со цел симболично да се назначи лидерот на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја за претседател на таканаречената „инаугурација на народот“.

„Света е наш претседател“, се скандираше од луѓето кои маршираа во главниот град Минск, додека други извикуваа „Да живее Белорусија“ и ” Ова е нашиот град “.

Демонстрациите се одржани и како одговор на тајната инаугурација на Лукашенко во средата, што повторно ги поттикна дневните протести, што се следени од се побруталниот одговор на државните служби.

Униформирани мажи беа видени како напаѓаат демонстранти на денешните протести во Гродно и Гомел, што се 50-ти по ред од почетокот на немирите, додава германската агенција.

Во раните вечерни часови на територијата на цела Белорусија беа извршени околу 200 апсења, соопшти Министерството за внатрешни работи, а бројот постојано се зголемува.

За луѓето да ги спречат да им се приклучат на постојано менуваните протестни рути, властите уште еднаш го исклучија мобилниот интернет и ги затворија станиците на метрото.

Војниците заземаа позиции во Палатата на Републиката, додека комбиња и стотици милицајци чекаа по споредните улици. Претседателската палата беше обезбедена како тврдина затоа што властите стравуваат дека толпата може да упадне во седиштето на Лукашенко.

Светлана Тихановскаја ја пофали храброста на демонстрантите и покрај заканата за апсења.

-Се собравме да го запреме овој режим – и тоа ќе го сториме со мирни средства, рече таа во видео порака.

“Ние сме милиони. И затоа ќе победиме”, додаде таа, а претходно ја нагласи посебната улога на жените кои сами организираа свои протести против Лукашенко.

Денешните редовни неделни протести се случуваат само еден ден откако маскирани униформирани мажи вчера на маршот во Минск уапсија десетици жени, наведе групата за човекови права „Вијасна“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина