Повеќе од 10 лица загинаа во Тајван и Филипини поради тајфун: Училиштата затворени, летовите одложени

Од:

Три лица загинаа во Тајван како последица на тајфунот Гаеми, а властите денеска продолжуваат со потрагата по деветте членови на екипажот на бродот што потона во средата во близина на јужниот брег на островот.

Еден од загинатите е мотоциклист кој бил погоден од дрво поради силниот ветер, додека стотици луѓе се повредени на истокот од островот, соопштија властите.

Во исто време продолжува потрагата по девет државјани на Мјанмар кои работеле на танкерот во Тајван, јавува Би-Би-Си.

Над 8.000 луѓе се евакуирани, додека околу 200 летови се одложени.

Училиштата и канцелариите денеска ќе бидат затворени на островот, откако во средата беа затворени сите институции.

Се очекува тајфунот во текот на денот да ја погоди кинеската провинција Фуџијан, која веќе се справува со поплави и врнежи.

Неколку железнички оператори во Кина исто така ја прекинаа работата.

Осум лица загинаа на Филипините, а работата и наставата беа прекинати, додека тргувањето со акции беше прекинато.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Рапидно се зголемува бројот на жртвите на тајфунот „Јаги“

Горан Наумовски

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми