Повеќе држави во САД ги олеснуваат мерките за носење маски

Од:

Њујорк и Масачусетс ги олеснуваат мерките за задолжително носење маски во затворени простории, во време кога инфекциите со варијантата Омикрон се намалуваат, јави дописмникот на МИА.

Во САД бројот на инфекции опаѓа на национално ниво, се намалува бројот на хоспитализации а анкетите покажуваат дека уморот од пандемијата е кај приврзаниците на обете страни. Протестите против тоа децата да носат маски за време на настава се посебно активни меѓу родителите во повеќе училишни окрузи низ САД

Наредбата за носење маски во училиштата и во затворени простории во Масачусетс важи до 28 февруари. Наредбата за влез со доказ за вакцинација или маска во Њујорк ќе биде укината наскоро, јави Њујорк тајмс.

Овие две држави се приклучија на поголем број останати како Њу Џерси, Конектикат, Калифорнија, Делавер и Орегон кои до крајот на овој или во текот на идниот месец ќе ги укинат наредбите за носење маски.

Ајдахо, Луизијана и Мисисипи сè уште препорачуваат носење маски во затворено. Републиканските држави како Тексас и Флорида пак, воопшто го забранија носењето маски според закон.

Заклучно со вчера, дневниот број на инфекции од Ковид-19 во САД се намали до околу 240.000, најниско ниво од крајот на декември. Просечниот број на хоспитализации започна да се намалува по постигнатиот врв на 20 јануари, но смртноста во земјата сепак не опаѓа. Од 26 јануари наваму таа бројка се движи околу 2.600 починати дневно.

Иако голем број држави се подготвуваат да ги укинат маските, официјални претставници на федералните Центри за контрола на заболувања предупредуваат дека е сè уште рано за тоа, и повтоуваат дека маските го намалуваат преносот на коронавирусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија