Потпретседателот на Аргентина, Амадо Буду е обвинет е за корупција и работење спротивно на извршувањето на јавната функција, изјави федералниот судија Ариел Лиха.
Буду е осомничен дека во 2010 година кога беше министер за економија ја помагал „фантомската“ компанија „Олд фанд“ на Алехандро Венденбреле да ја купи печатницата „Сиконе калкографика“, која потоа склучи договори со државата, меѓу кои и печатење на аргентинските монети, пезоси.
Истрагата тврди дека Ванденбреле тајно го претставувал Буду во бизнисот, а компанијата за време на купувањетро била на граница на банкрот поради налог на даночната служба да уплати долг од околу 45,5 милиони долари. Во обвинението се наведува дека по купувањето даночната служба ја одложила наплатата на казната.
Покрај аргенитинскиот потпретседател во скандалот вклучени се и Ванденбреле, Хосе Марија Њунјес Кармоне пријател на Буду, потоа поранешниот вработен во даночната служба Рафаело Ресник Бренер, бизнисменот и коосновач на печатницата Николас Сиконе и неговиот зет Гиљермо Рејнвик.
Судијата нареди и блокирање на дел од имотот на Буду во износ од околу 25.000 долари.
Печатницата „Сиконе калкографика“ долго време печатеше лични карти, пасоши, автомобилски таблици и универзитетски дипломи.
Буду од понеделникот е во посета на Куба, а оттаму ќе отпатува за Панама. Тој претходно негираше дека направил нешто спротивно на законот.