Потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП), Ева Каили, која беше уапсена во Брисел во рамките на операцијата на белгиските власти за „криминална организација, корупција и перење пари“, сега е ослободена од должноста.
Ева Каили, која доаѓа од Грција, како резултат на операцијата исклучена од нејзината локална партија во Грција, ПАСОК, беше суспендирана од политичката група во ЕП – Социјалдемократи, а во неделата беше разрешена од функцијата заменик претседател на ЕП.
Претседателката на парламентот, Роберта Мецола, ја суспендираше Каили со непосреден ефект – но нема овластување трајно да ја смени од главната функција.
– Во светло на тековните судски истраги од страна на белгиските власти, претседателот Мецола одлучи веднаш да ги суспендира сите овластувања, должности и задачи делегирани на Ева Каила во својство на заменик-претседател на Европскиот парламент – изјави портпаролот на Мецола.
Една од тие должности беше да биде заменик на Мецола за прашањата на Блискиот Исток.
Имено, во петокот, на 9 декември, белгиската полиција изврши претрес на 16 локации во Брисел и приведе најмалку четири лица, меѓу кои и сопругот на Ева Каили и поранешен европратеник.
Во акцијата се одземени речиси 600.000 евра во готовина, неколку мобилни телефони и компјутерска опрема.
Во соопштението на белгискиот обвинител се наведува дека „истражителите на Федералната судска полиција веќе неколку месеци се сомневаат дека една земја од Персискиот залив влијаела на економските и политичките одлуки на Европскиот парламент“.