Потполковникот Исак Зида, кој ја презеде власта во Буркина Фасо по соборувањето на претседателот Блез Компаоре, беше назначен денеска за премиер од службениот претседател Мишел Кафандо.
– Нема да бидам против потполковникот Зида да има важна улога во стабилизирањето на земјата и да може реално да има амбиција да биде премиер, рече Кафандо.
Тој изјави дека армијата има свое место во транзицијата поради „важната улога“ која ја имала во стабилизирањето на Буркина Фасо.
Потполковникот Зида ја презеде власта неколку часа по соборувањето на поранешниот претседател Компаоре, соборен со улични протести на 31 октомври.