Потона брод со мигранти кој пловел од Тунис кон Европа, 34 исчезнати

Од:

Најмалку 34 лица исчезнаа во близина на тунискиот брег при потонувањето на брод со мигранти кои се обидуваа да стигнат до Европа, јави ДПА, додавајќи дека повеќе од 2.000 лица слетале на италијанскиот остров Лампедуза во последните 24 часа. Туниската крајбрежна стража спаси четири лица откако бродот потона, изјави Фавзи Ел Масмуди, официјален претставник од градот Сфакс.

„Несреќниот брод е петти што потона во близина на брегот во последните два дена“, изјави тој за ДПА во саботата, додавајќи дека уште четири брода потонале во близина на Сфакс во средата и четвртокот.

Крајбрежната стража ги извлече телата на седумте мигранти од субсахарска Африка кои се удавија во тие инциденти, а најмалку 30 се уште се водат како исчезнати, додаде тој. Преживеале 84 мигранти.

Туниската крајбрежна стража спречила 79 обиди за влез на илегални мигранти во изминатите три дена, изјави во саботата портпаролот на Националната гарда Хусамедин Џбабли.

Тој рече дека околу 2.982 мигранти биле уапсени поради нелегално обид да дојдат во Европа, а меѓу приведените има и девет Тунижани. Тунискиот брег стана вообичаена појдовна точка за илјадници мигранти кои бараат подобар живот во Европа. Туниските власти неодамна уапсија стотици луѓе од субсахарска Африка, откако претседателот Каис Саид ги обвини мигрантите од регионот дека стојат зад криминалот во земјата.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски