Постои врска меѓу убијците во Шарли ебдо и напаѓачот кој држи заложници во париски супермаркет

Од:

Мажот кој држи заложници во супермаркет во Париз најверојатно е поврзан со осомничените за нападот врз весникот Шарли ебдо, соопшти француската полиција.

Во меѓувреме, полицијата објави фотографии на маж и жена за кои постои сомнение дека се одговорни за убиството на полицајката вчера крај Париз.

Постои врска меѓу двајцата џихадисти осомничени за нападот врз неделникот Шарли ебдо во средата при што загинаа 12 луѓе, и осомничениот убиец на полицајка при пукање ден подоцна во Монруж, јужно од Париз, јавија француски медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Досега француските власти сметаа дека нема врска меѓу двата случаја.

Според медиумите, мажот осомничен за убиството на полицајката е член на истата џихадистичка група како и осомничените за масакрот во неделникот Шарли ебдо.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ