Постигнат договор за прекин на насилствата во Јемен

Од:

Јеменскиот претседател Абде Рабо Мансур Хади постигна договор со шиитски бунтовници за прекин на насилствата во Сана, јавија јеменски државни медиуми.

Со договорот, кој е постигнат вчера вечер, вооружените Хути ќе се повлечат од куќата и претседателската палата опколени во вторникот.

Од бунтовниците се бара да го ослободат високиот претседателски советник киднапиран во изминатите денови. Во договорот има одредба со која се прифаќаат барањата на бунтовниците за измена на Уставот и да се зголеми нивната застапеност во парламентот и државните институции.

Советниците претходно соопштија дека тој е „заробеник“ во сосптвената куќа. Хутите се 30 отсто од населението во Јемен. Од септември зазедоа големи делови од државата меѓу кои и главниот град Сана.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен