Десничарската ОВП (Народната партија) и либералната ФПО (Партијата на слободата) постигнаа договор за формирање на новата австриска влада, соопштија денеска.
Нов канцелар на Австрија ќе биде лидерот на ОВП, Себастијан Курц, кој убедливо победи на изборите во земјата. Тој со неговите 31 година ќе стане најмлад претседател на влада во Европа.
Вице-канцелар ќе биде Ханс Кристијан Штархе од ФПО.
Коалицијата ќе се бори за намалување на даноците и бирократските пречки за бизнисот, засилување на директната демократија и дополнително намалување на приливот на мигранти.
Владата ќе ја крати социјалната помош за мигрантите и ќе воведе одделни училишни одделенија за децата на мигранти кои не зборуваат германски. Миграцијата беше главна тема на изборите на кои победата на Курц му овозможи да ја раскине долготрајната широка коалиција со социјал-демократите.
Целосниот состав на Владата се уште не е познат, но ФПО бараше да ги добие министерствата за внатрешни и надворешни работи.