Постигнат договор меѓу Киев и Москва, ќе има и трета рунда преговори

Од:

Киев и Москва договориле продолжување на преговорите, а се планира третата рунда на преговорите да се одржи што е можно побрзо.

Украина и Русија договориле обезбедување на хуманитарен коридор за евакуација на граѓани, испорака на храна и лекови, рекол советник на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак.

Тој исто така рекол дека Киев не остварил резултати во текот на преговорите на кои украинската страна сметала.

Додал дека Украина и Русија разговарале за прекин на огнот во текот на евакуацијата на граѓаните во оние подрачја во кои евакуацијата ќе се одвива.

Властите на Русија и Украина договориле да се организираат специјални комуникациски канали во текот на евакуацијата на цивили, пишува Телеграф.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица