Последна етапа од битката за Авдијивка, Киев се обидува да го спаси градот

Од:

Украина носи нови сили околу градот Авдијивка, изјави украинскиот врховен командант.

-Ги зајакнуваме линиите, поставуваме дополнителни стрелачки позиции и користиме нови сили, изјави бригадниот генерал Олександр Тарнавски, командант на групата Таврија, која ја предводи одбраната на градот.

Тој додаде дека руските сили се обидуваат да го освојат градот во регионот на Доњецк „по секоја цена и што е можно поскоро“.

Украинските сили кои се бранат од рускиот напад се соочуваат со се поопасна ситуација. Одлуката да се продолжи со зајакнување на одбраната на градот, наместо да се повлече на поутврдена позиција, ја отвора можноста за повторување на бруталната повеќемесечна битка, како онаа што се водеше за Бахмут, пишува Телеграф.

Изјавите на бригадниот генерал Тарнавски укажуваат дека во Авдијивка била испратена третата бригада на украинската армија, една од најдобрите единици која била во резерва и обучена за западно оружје.

Четиримесечната битка за урнатините на Авдијивка се приближува до својот врв, а украинските и руските сили напаѓаат од воздух. Разликата е во тоа што Украинците фрлаат илјадници ситни беспилотни летала врз руските војници во нападот на градот, додека Русите пукаат кон Украинците со стотици моќни аеродинамични бомби од нивните авиони, пренесува Форбс.

Рамнотежата на силите не е еднаква. Украинците управуваат со авиони, исто како што Русите имаат дронови. Но, украинското воздухопловство над Авдијивка е главно роботизирано, додека руското е главно традиционално.

Позадината на овие радикално различни пристапи кон воздушното бомбардирање ја објаснува најважната динамика во оваа војна, која треба да влезе во третата година. На Украинците им снемува муниција и затоа користат дронови. Во исто време, слабеењето на воздушната одбрана на Украина е практично покана за руските воздухопловни сили да ги активираат своите најдобри борбени авиони и да ги користат своите најмоќни воздушни бомби.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања