Посетата на Обама во Африка ќе чини 100 милиони долари

Од:

Турнејата на американскиот претседател Барак Обама во Африка, САД ќе ги чини околу 100 милиони долари, поради големите трошоци за мерките за безбедност, пренесе „Фокс Њуз“.

Како што наведува телевизијата, во текот на еднонеделниот престој на африканскиот континент, за безбедноста на Обама ќе се грижат повеќе стотини агенти на Тајната служба, а целиот простор ќе го надлетуваат воени ловци на американското воздухопловство.

Ќе биде ангажиран и воен брод со целокупна болница, а еден товарен авион ќе донесе и 56 возила од кои 14 се лимузини од претседателската придружба.

Исто така е предвидено прозорците на хотелот во кој што ќе претстојува претседателот на САД со сопругата Мишел да бидат засилени со стакло отпорно на куршуми.

„Фокс њуз“ наведе дека сопружниците Обама поради големите трошоци го откажале планираното сафари, во кое би биле вклучени и специјалци заради одбрана на претседателот доколку биде нападнат од некое диво животно.

Телевизијата која што е блиска до републиканците додава дека во посета на Африка, Обама оди во време на намалување на буџетот на сите федерални институции и агенции во САД.

Белата куќа ја оправдува посетата, појаснувајќи дека Африка е регион кој што не е во центарот на вниманието, истакнувајќи дека истата ќе ја зацврсти соработката на САД и државите од тој континент. Обама во Африка ќе претстојува од 26 јуни до 3 јули.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа