Католичката црква на Свети Тереза од Авила во мексиканскиот град Монтереј, опкружен е со високи ѕидови, а на излезот се наоѓа семафор, кој ги информира верниците дали е безбедно да излезат од црквата поради честите престрелки со оружје надвор.
Околу храмот се наоѓа бетонски ѕид висок пет метри, а прозорците се затворени со метални рамки.
За безбедноста на манастирот се грижат девет чувари кои патролираат пред црквата 24 часа на ден. Покрај тоа, на излезот од црквата поставен е семафор, кој ги известува верниците за она што се случува пред црквата, пренесува Гласот на Русија.
Црвеното светло е знак дека започнала пукотница или мобилизација на полициските службеници, жолтото е сигнал дека во близина има сомнителни возила, додека зеленото означува дека е безбедно и дека верниците можат да излезат од храмот.
Црквата на Свети Тереза од Авила во Монтереј секоја недела ја посетуваат околу 8.000 луѓе. Според статистичките податоци, во Мексико во 2012. во меѓусебни пресметки на банди и судири на бандите и полицијата убиени се повеќе од 1.100 луѓе.