Португалскиот Парламент денеска гласа за легализирање на евтаназијата

Од:

Португалскиот Парламент денеска се очекува да го донесе законот со кој се дозволува доброволна смрт со медицинска помош, со што оваа доминатно католичката земја ќе биде четвртата во Европа што ја легализира евтаназијата.

Белгија, Холандија и Луксембург се трите земји во Европа во кои евтаназија е легална.

Пратениците ги одобрија предлозите насочени кон промена на законот и покрај кампањата на Црквата за национален референдум за ова прашање.

Предлог-законот го легализира пристапот до асистирано самоубиство за постарите пациенти во ситуација на „екстремно страдање и неповратна попреченост“.

Лекарите и психијатрите треба да ја потврдат одлуката доколку има сомнеж во способноста на пациентот самиот да направи „слободен и информиран избор“.

Новиот предлог-закон мора да биде потпишан од неодамна реизбраниот претседател Марсело Ребело де Соуса, католик и конзервативец, кој се уште го нема јавно кажано својот став за ова прашање.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија