Португалски тинејџер избоде пет лица во училиштето, имитирајќи масовно убиство од американски колеџ во 1999 година

Од:

Шеснаесетгодишен португалски тинејџер со нож избоде пет лица во своето училиште, во обид да го имитира масовото убиство од гимназијата Колумбајн во САД, извршено во 1999 година, пренесе ДПА.

Нападот се случил во градот Масама, на 10 километри северозападно од Лисабон. Меѓу избодените имало четворица ученици и 40-годишен службеник во училиштето.

Едно од момчињата е во тешка здравствена состојба. Напаѓачот прво предизвикал мала експлозија во училиштето за да создаде паника, пред да ги нападне учениците и продавачите, кои биле собрани во училишниот двор.

Полицијата го запрела пред да повреди уште луѓе. Кај момчето бил најден лист на кој пишувало дека сака да убие најмалку 60 лица.

На 20 април 1999 година во гимназијата во Колумбајн, во државата Колорадо, двајца ученици убија 12 ученици и еден учител, по што се самоубија.

 

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија