Португалскиот министер за парламентарни прашања, Мигел Релваш денес поднесе оставка на должноста во владата, поради обвинението дека на нерегуларен начин стекнал универзитетска диплома.
Релваш кој важеше за една од најнепопуларните личности во владата, ја донесе одлуката откако Министерството за образование започна истрага која покажа дека не ги положил сите потребни испити.
Министерот ја поднесе оставката ден по гласањето за доверба на владата.
Елена Георгиевска