Португалската Влада го преживеа гласањето за недоверба

Од:

Португалската Влада вчера го преживеа гласањето за недоверба, предложено од сите опозициски партрии во Парламентот и насочено против строгите економски мерки и нестабилноста на берзите.

Гласањето во голем степен беше со познат исход, бидејќи десноцентристичката коалициска Влада има доволно парламентарно мнозинство. Сепак премиерот Педро Коељо изјави дека гласањето создава впечаток за политичка нестабилност во момент кога Лисабон има потреба од доверба на инвеститорите.

Пратениците од Социјалистичката партија и две други леви партии гласаа за недоверба на Владата со 97 гласа во 230-члениот португалски Парламент. Левицата ја обвинува власта дека слепо се впушта во намалување на трошоците во период на најдлабоката рецесија во последните 70 години и рекордната невработеност во земјата.

Акциите на некои компании во Португалија, главно на банки, се намалија поради гласањето недоверба и тоа ја зголеми загриженоста дека буџетските планови на Владата можат да бидат отфрлени од Уставниот суд.

Намалувањата на буџетските трошоци се меѓу условите на ЕУ и ММФ за одобрување спасувачки пакет од кредити за Португалија.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија