Португалската армија ќе продаде или даде под наем вкупно 60 недвижни имоти, вклучитечно и касарни, воздухопловни бази и воени болници, со цел да собере најмалку 170 милиони со кои би ја финансисрала модернизацијата на својата инфраструктура, соопшти Министерството за одбрана на Португалија.
Со планот се предвидува во текот на оваа година од продажби и наемнини да бидат обезбедени 32 милиони евра, а во наредните седум години уште по околу 20 милиони, со што би се дошло до вкупна сума од 172 милиони евра.
Засега не е утврден точниот список на објектите што ќе се продаваат или дадат под наем, но според неофицијални извори, меѓу нив се десетина касарни и бази на целата територија на Португалија, најмалку три воени болници во Лисабон, како и две тврдини од 17-от и 19-от век.
Програмата за продажба или издавање под наем на воените објекти е во рамките на планиот за реструктуирање на португалската Армија, со кој се предвидва намалување на армискиот состав за 10 проценти на 31.560 војници.