Португалската инвестициска компанија Алпак (Alpac) купи мнозински дел од паневропската телевизија Јуроњуз (Euronews) и планира да ја направи медиумската мрежа глобален играч.
Јуроњуз, лансиран во 1992 година, имаше тешкотии во претходните години што доведоа до значително внатрешно преструктуирање. Сепак, телевизијата тврди дека сега финансиското закрепнување е побрзо од очекуваното и дека се очекува повторно да стане профитабилно во 2023 година.
Актуелниот финансиски директор Бенедикт Бахс ќе биде назначен за привремен директор на шест месеци. Во 2020 година, американската медиумска групација NBC го продаде својот удел од 25 проценти во Euronews на Media Global Network (MGN) во сопственост на египетскиот милијардер Нагиб Савирис, што на тој начин го зголеми својот удел на 88 проценти.
Португалската компанија сега ќе преземе 88 отсто од Euronews од MGN, така што медиумската мрежа повторно ќе биде целосно во европска сопственост. Преземањето треба да заврши во првите месеци од 2022 година.