Еден пожарникар загина, а шестмина се повредени во борбата со шумскиот пожар, на север во Португалија, соопштуваат официјалните лица.
Пожарот избил во општината Тондела, на околу три часа возење од Лисабон.
Официјалното лице од агенцијата за цивилна заштита не дало повеќе детали за тоа што се случило со пожарникарите кои се обидувале да го стават огнот под контрола, пренесе „Асошиејтед прес“.
Во изминатите неколку дена, во три региони во оваа област избија поголем број пожари, во чие гаснење учествуваа околу 700 пожарникари.
Елена Георгиевска