Португалија од денеска е во тридневна национална жалост поради загинатите во шумските пожари.
Потврдена е смртта на 36 луѓе. Во пожарите беа повредени 63 лица, од кои 16 потешко.
Околу 3600 пожарникари се обидуваат да ги совладаат петнаесетте се уште активни пожари во централните и северните делови на државата.
Во средината на јуни, во централниот дел на Португалија, во местото Педрогау Гранде изби голем шумски пожар. Тогаш, 64 лица загинаа, а 250 беа повредени.