Португалија, која минатиот месец беше соочена со се суша, од утре ќе биде погодена од топлотен бран, поради што властите почнаа да подготвуваат мерки за спречување на ризикот од шумски пожари.
„Владата ќе објави декларација за тревога со цел да ја ограничи секоја активност што може да го доведе населението во ризик“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Хозе Луис Карнеиро, по состанокот со главните претставници на цивилната заштита.
Ова зголемено ниво на тревога овозможува и мобилизација на средства што ќе бидат потребни во наредните денови, рече тој.
Португалскиот метеоролошки институт до следниот четврток предвидува исклучително високи температури во многу области.
Во областите најоддалечени од брегот на југот на земјата и во долините на реките Тагус и Дуеро, температурите од петок ќе надминат 40 Целзиусови степени, а повремено би можеле да достигнат и до 42 степени, соопшти португалскиот институт.
Извор: МИА