Португалија ги исполни условите за добивање на следната транша од спасувачкиот план за земјата, соопштија министрите за финансии на земјите од еврозоната, а јави ДПА.
Заедно со следната транша од 2,1 милијарда евра, Португалија добива и продолжување на намалувањето на кредитите.
Министрите за финансии од еврозоната постигнаа согласност дека португалските власти прават напори за спроведување на програмата за заздравување на португалските финансии и за враќање на земјата на финансиските пазари.
Одлуката за одобрување на следната транша од помошта за Португалија треба да биде одобрена од националните парламенти на земјите од еврозоната.