Португалија да продолжи со реформи

Од:

Европската унија ја повика Португалија да продолжи со реформите, по неочекуваната оставка на министерот за финансии.

-Многу е направено во поглед на консолидацијата на јавните финансирања, воспоставување финансиска стабилност и усвојување на структурните реформи на планот на конкурентноста и отворање на нови работни места-истакна европскиот комесар за економски прашања, Олља Рена.

Но како што додаде важните предизвици остануваат, меѓу кои е и намалувањето на високата стапка на невработеност.

-Поради тоа од суштинско значење е да се продолжи со реформи и да се даде целосна помош на таа програма, што ќе влијае на раст на довербата од меѓународната заедница-нагласи европскиот комесар.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија