Порошенко: Прекинот на огнот во Украина се почитува

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко, кој е во посета на Сингапур изјави дека прекинот на огнот во источна Украина, кој стапи во сила изутрината, засега се почитува.

Порошенко на прес-конференција во Сингапур нагласи дека денеска во источна Украина не загинал ниту еден украински војник и оти немало вооружени престрелки.

Украинските воени сили сепак соопштија за три индиценти во областите Доњецк и Луганск.

Сегашниот прекин на огнот е четвртти во изминатите осум месеци. Доколку тој биде испочитуван, од утре страните во конфликтот би требало да почнат да го повлекуваат тешкото оружје од линијата на фронтот, со цел да создадат тампон зона, широка 30 километри.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион