Порошенко: Помошник на Путин организирал снајперски убиства на Мајдан

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека Владислав Сурков, еден од помошниците на рускиот шеф на државата Владимир Путин, раководел со организирање „група странски снајперисти“.

Тие убивале демонстранти на плоштадот Мајдан во Киев пред три години.

Тој објасни дека информацијата ја добил пред неколку дена од шефот на украинската државна безбедност.

Порошенко тоа го изјави на годишнината од демонстрациите на киевскиот плоштад за време на средба со роднини на стотина луѓе кои за три дена беа убиени од снајперски оган додека протестираа против тогашниот украински претседател Виктор Јанукович.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa