Порошенко побара од лидерите на ЕУ нов пакет санкции против Русија

Од:

Украина очекува дека Европската унија ќе ја продолжи важноста на санкциите против граѓани на Русија поради случувањата во Крим и Донбас, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко по средбата денеска во Брисел со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

– Ние разговаравме за продолжување на санкциите против Русија и се договоривме дека ЕУ најбрзо што може ќе одреди нов пакет санкции против земјата, рече Порошенко на заедничката прес-конференција по средбата.

– ЕУ е разочарана од продолжувањето на насилството во Украина, која е наша пријателска земја, изјави Јункер.

Тој повторно ги повика сите страни во конфликтот целосно да ги исполнат договорите од Минск и апелираше до Русија, која според него не ги исполнува целосно своите обврски.

Шефот на ЕК го поздрави договорот за прекин на огнот во Донбас на 1 септември.

Порошенко денеска се сретна и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa