Порошенко-Кери: Неопходен е состанок на Контакт групата за Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко и американскиот државен секретар Џон Кери се согласиле во телефонски разговор дека е неопходно што е можно побрзо одржување состанок на Контакт групата во Минск.

Средбата на контакт групата, според Порошенко и Кери, би претставувала нов поттик за имплементирање на договорот од Минск, со кој во септември беше договорен прекин на огнот во источниот дел на Украина.

Порошенко истакнал дека трилатералната Контакт група би требала да се состане што е можно побрзо, со цел да се решат итните хуманитарни проблеми на луѓето кои живеат во Донбас, како што е испорака на храна, лекови, снабдување со огрев и електрична енергија.

Кери изразил поддршка на украинскиот став за проширување на Контакт групата, која би вклучила претставници на САД и ЕУ.

Порошенко и Кери, исто така, разговарале и за билатерални прашања и енергетската безбедност.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион