Порошенко: Ако нема мир ќе прогласиме воена состојба

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека доколку во источна Укрина не биде воспстваен мир, тој ќе биде принуден да прогласи воена состојба во земјата.

– Уште пред средбата во Минск на седница на Владата предупредив дека ако нема мир, ќе бидеме принудени да ја донесме многу тешката одлука за прогласување воена состојба, изјави Порошенко за време на церемонијата на предавање нова опрема на украинските погранични сили.

Како што јави ТАСС, Порошнеко нагласи дека доколку биде прогласена воена состојба таа нема да се однесува само на реоните на Доњецк и Луганск, туку и на целата територија на Украина.

Според најавите од Киев, за текот на најновите случувања на истокот од Украина Поршенко попладнево ќе разговара со шефот на француската држава Франсоа Оланд, со германската канцеларка Ангела Меркел и со американскиот претседтаел Барак Обама.

Во меѓу време, проруските сепаратисти од Доњецк обвинија дека при артилериски напад на украиснките сили врз градот, биле убиени еден маж и една жена.

Според очевидци, гранатата паднала во близина на резиденцијата на лидерот на сепаратистите во Доњецк, Александар Захарчнко.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам