Пораст на самоубиства во Шведска

Од:

Бројот на самоубиства во Шведска бележи пораст втора година по ред.

Таквиот тренд го покажуваат најновите статистички податоци од шведската Социјална управа за 2013 година.

Бројот на самоубиства пораснал од 1.378 во 2011 година на 1.600 во 2013 година, а најголем пораст е регистриран меѓу млади лица на возраст од 15 до 24 години.

Толкав број на лица што си го одземале животот не е забележан во Шведска уште од 1989 година.

– Станува збор за голем пораст, но постојат методи за превенција против самоубиства, вели Данута Васерман, професор по психијатрија при Каролинскиот институт во Стокхолм за Шведската телевизија.

Најтемниот период во статистиката на самоубиства вп Шведска е летото, што се објаснува со тоа што дневниот ритам во летниот период се менува, а поинакво е и хормоналното влијание.

Една друга причина според експертите е дека многумина во текот на летото се конфронтираат со својата социјална ситуација.

– Можно е човек да се конфронтира со својата самотија или доколку има големи проблеми со своето семејство или со кругот на познаници и пријатели. Во текот на летото тоа станува потешко бидејќи човек обично тогаш повеќе другарува, а еден значаен фактор е и алкохолот, потенцира Данута Васерман.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица