Поранешниот зет на претседателот на Казахстан се обеси во затвор

Од:

Ракат Алијев, поранешен амбасадор на Казахстан во Австрија, е пронајден мртов во затворот во Виена откако извршил самоубиство, соопшти портпаролката на судот.

Австриското обвинителство го обвини Алијев во декември за убиство на двајца банкари во 2007 година, поради што Казахстан повеќепати бараше негова екстрадиција.

Алијев, поранешен зет на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев, кој стана негов гласен критичар, ги отфрли обвиненијата тврдејќи дека тие се политички мотивирани. Тој од јуни минатата година се наоѓаше во притвор, откако им се предаде на австриските власти.

Телото на Ракат Алијев е пронајдено утринава, во самица во затворот „Јозефштат“ во Виена, а самоубиството е извршено со бесење.

Казахстан бараше негова екстрадиција од Австрија, но властите во Виена двапати го одбија барањето поради состојбата на човековите права во поранешната република. Наместо тоа, австриските власти покренаа сопствена истрага во 2011 година.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија веројатно е одговорна за падот на авионот во Казахстан, тврди Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Горан Наумовски

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“