Поранешниот шеф на военото разузнавање на Руанда нема да биде екстрадиран во Шпанија

Од:

Поранешниот шеф на военото разузнавање на Руанда, Емануел Карензи Караке, нема да биде екстрадиран од Велика Британија во Шпанија, одлучи денеска Вестминстерскиот суд во Лондон, пренесоа светските агенции.

-Процедурата денеска беше прекината, изјави портпаролот на судот, цитиран од француските медиуми.

Тој додаде дека обвиненијата што беа соддржани во наредбата за приведување не се прекршувања на законот, што се покриени од британската процедура за екстрадирање.

Според шпански судски извор, британскиот суд проценил дека Велика Британија нема компетенции да се произнесе за овој тип злосторства кои не биле извршени на британска територија.

Генерал Караке  (54) беше уапсен на 22 јуни на лондонскиот аеродорм Хитроу врз основа на европска наредба за приведување, издадена од Шпанија, потсетуваат британските медиуми.

Караке е баран од Шпанија по обвиненија за воени злостроства за време на геноцидот во Руанда во 1994 година, како и за убиство на тројца шпански државјани, кои работеле за организацијата „Лекари без граници“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот