Поранешниот шеф на британската дипломатија Дејвид Милибан се повлекува од политиката

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи Дејвид Милибанд, кој сега е пратеник од редовите на опозициската Лабуристичка партија, се повлекува од пратеничката функција и од домашната политика.

Милибанд ќе се пресели во САД за да го преземе раководењето со Меѓународниот комитет за спас, чие седиште е во Њујорк. Станува збор за хуманитарна организација која е присутна во преку 40 земји во светот и која помага при најголемите светски кризи.

Веста за заминувањето на Милибанд (47) од британскиот Парламент, партијата и од политиката ја соопшти поранешниот директор за комуникации во Даунинг стрит 10, Алистер Кемпбел.

Според „Дејли Мирор“, весник близок на лабуристите, Милибанд подолго време размислувал за едно вакво решение.

Тој е постар брат на актуелниот лидер на лабуристите Ед Милибанд, од кого загуби во трката за наследник на Гордон Браун по неговата оставка во мај 2010 година. Ед победи со мошне тесна разлика од помалку од 0,5 отсто од гласовите, благодарејќи на поддршката што ја имаше кај синдикатите и левичарските и социјалистички групи на лабуристите. Во таа лидерска трка меѓу двајцата браќа и министри во владите на Браун и на Тони Блер, мнозинството од пратениците на партијата, застанаа зад кандидатурата на постариот брат Дејвид Милибанд, но тоа се покажа како недоволно за победа.

По поразот на партиските избори, Дејвид Милибанд одби да се приклучи во Владата во сенка што ја формираше неговиот брат и нов лидер Ед Милибанд и го пасивизраше своето учество во Долниот дом како лабуристички пратеник.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот