Поради организирањето на „одредите на смртта“ поранешниот потпретседател на Ирак, Тарек ал Хашеми, судот во Ирак го осуди со смртна казна. Хашеми кој е сунит побегна од земјата порано оваа година бидејќи власта побара негово апсење.
Обвинувањата и судскиот процес против него предизвикаа политичка криза во земјата во која власта ја делат политичките партии на сунитите, шиитете и курдите.
Хашеми моментално се наоѓа во Турција.