Поранешниот португалски премиер Сократес обвинет дека примил 24 милиони евра мито

Од:

Поранешниот португалски премиер Жозе Сократес е обвинет во рамките на големата истрага за корупција покрената во 2014 година. Португалското државно обвинителство соопшти дека го сомничи Сократес оти примил поткуп во висина од околу 24 милиони евра.

– Сократес е обвинет за 31 дело на пасивна корупција, перење пари, тешки фискални измама и фалсификување на документи, се наведува во соопштението од португалското Државно обвинителство.

Покрај Сократес обвиненија се подигнати и против други 18 лица и девет фабрики.

Истрагата покажала дека Сократес, кој беше премиер од 2005 до 2011 година, делата ги извршил во периодот од 2006 до 2015 година.

Сократес од апсењето во 2014 година тврди дека е невин. Откако помина повеќе од девет месеци во притвор, одреден му е куќен притвор и од октомври 2015 година е на слобода.

Во обвинението на повеќе од 4.000 страници се наведува дека бизнисменот Карлос Сантос Силва, пријател на Сократес од детство, бил негов посредник.

Обвинети се и поранешниот шеф на банката „Еспирито Санто“, Рикардо Еспирито Санто Салгада, како и двајца поранешни претставници на „Португал Телеком“.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија