Поранешниот пилот и конгресмен Џим Брајденстин предложен за директор на НАСА

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го предложи Џим Брајденстин (42), поранешен пилот и републикански конгресмен, за директор на американската вселенска агенција НАСА, соопшти денеска Белата куќа.

Брајденстин е конгресмен од Оклахома, член на Одборот на Сенатот за вооружени сили и Одборот за наука, вселенска програма и технологија.

Искуството го стекнал главно во војска како пилот во воените мисии во Ирак и Авганистан, но и како член на резервните сили на морнарицата, извршувајќи неколку мисии против нарко картели во Централна и Јужна Америка. Припадник е и на Воздухопловната национална гарда на Оклахома.

Брајденстин веќе подолго време важи за фаворит за директор на НАСА, што предизвика незадоволство кај некои сенатори поради неговите квалификации да предводи толку високо технолошки софистицирана и многу комплексна агенција.

Предлогот за неговото именување треба да го потврди Сенатот.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес