Поранешниот јеменски претседател веројатно присвоил имот од 60 милијарди долари

Од:

Поранешниот претседател на Јемен Абдула Салех веројатно присвоил за време на управувањето имот во износ од 60 милијард долари – сума, еквивалентна на годишниот БДП на земјата.

Тоа го утврдила истражна комисија назначена од ОН, која изготвила извештај за Советот за безбедност на организацијата.

Документот од 54 страници беше претставен вчера пред извршниот орган на ОН, кој едногласно го продолжи рокот на санкциите против Салех – забрана за патување во странство и замрзнување на неговите сметки. Продолжен беше и рокот на дејствир на санкциите против двајцата лидери на шиитското движење хути, кое ја контролира јеменската престолнина Сана.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен