Поранешниот јапонски император Акихито го напушти царскиот дворец во Токио

Од:

Поранешниот јапонски император Акихито и неговата сопруга Мичико засекогаш го напуштиле својот дворец во Токио. На дворецот му претстои реновирање за да биде подготвен за новите станари – актуелниот монарх Нарухито и неговата сопруга Масако.

Дворецот во центаро на Токио беше официална резиденција на Акихито од 1993 година.

Според агенцијата Кјодо, 86-годишниот Акихито и 85-годишната Мичико, кои сега се со титулата почесен император и императорка, ќе се преселат во вила на океанот, во градот Хајама, југозападно од Токио. Потоа извесно време ќе минат на императорската фарма во селски регион на префектурата Точиги, во северозападниот дел од главниот јапонски остров Хоншу.

Царската двојка на 31 март ќе се вратат во Токио и по 1,5 година од промената на престолот Акихито и неговиот 60-годишен син – актуелниот император Нарухито, ќе си ги разменат палатите.

Нарухито ќе влезе во обновениот императорски дворец во центарот на Токио, а татко му ќе остане во блиската палата Акасака.

Акихито доброволно абдицира од престолот на 30 април 2019 година поради својата напредната возраст. Тој е првиот јапонски монарх во последните 200 години кој го напуштил тронот предвреме.

Пред да ја напушти палатата Акихито на музеите во земјата им подари околу 4.000 подароци, што ги добивал од високите странски гости.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови