Поранешниот индиски премиер Синг обвинет за корупција

Од:

Специјалниот суд во Индија денеска официјално го обвини поранешниот премиер Манмохан Синг за корупција и криминално здружување поради неговата наводна улога во скандалот за продажбата на наоѓалиштата на јаглен.

Против Синг е покренато обвинение и покрај тоа што индиското Централно биро за истрага не пронајде докази против него, кои би можече да се употребат на суд.

Синг и уште петмина обвинети треба да се појават на суд на 8. април. Поранешниот премиер засега не го коментира покренувањето на обвинение, но претходно изјави дека не направил ништо лошо.

Синг како премиер беше директно задолжен за Министерството за енергетика кога се доделуваа дозволи за експлоатација за наоѓалиштата на јаглен на приватни компании.

Индискиот Врховен суд минатата година ги поништи сите 218 дозволи за експлоатација на јаглен доделени во периодот од 1993 до 2010 година, со образложение дека се одобрени произволно и на нечесен и нетранспарентен начин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати