Поранешниот египетски претседател Морси осуден на доживотен затвор

Од:

Египетски суд го осуди поранешниот исламистички претседател на Египет, Мохамед Морси, кој беше соборен од власт во 2013 година, на доживотен затвор поради шпионажа во корист на палестинското движење Хамас, либанското движење Хезболах и Иран.

За ова дело има 16 обвиненија, меѓу кои и против давајцата лидери на движењето Муслиманско братство, кои се веќе осудени на смртна казна на 16 мај за предавање на доверливи документи на странска земја во периодот меѓу 2005 и 2013 година. Сега пресудата им беше потврдена.

Истиот суд подоцна денеска, исто така, треба да се изјасни дали ја потврдува или ја менува смртната пресуда за Морси која му е изречена на 16 мај за друго дело, во кое тој беше обвинет за соучество при бегство од затвор и употреба на сила.

Морси, кој е обвинет за вкупно пет дела, има можност да поднесе жалба на пресудата.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина