Поранешната сопруга на Нелсон Мандела, Вини Мадикизела Мандела (78) покрена тужба за право на наследство, за кое смета дека го изгубила по пат на измама.
Според нејзините тврдења таа е наследник на 100 хектари земја која што припаѓала на неговите предци, каде што се наоѓа и гробот на Мандела.
Вини во тужбата наведува дека тоа земјиште го добила уште додека била во бак со јужноафриканскиот претседател и дека тој немал право целиот имот да го стави на свое име.
Таа го обвинува Мандела за измама и бара да и се врати земјиштето, бидејќи без нејзино знаење, било запишано на негово име.
-Имам доказ кој потврдува дека преносот е незаконски и погрешен- вели таа.
Нејзините адвокати тврдат дека поседува документи кои се доказ дека Нелсон за време на разводот со Вини се обратил до племенските лидери и дека ги убедил да направат нови документи кои ќе бидат на негово име.
-Не знаев дека го направил тоа. Го искористил своето влијание како поранешен претседател да ги убеди племенските власти во Еботвеа, но и подарил 15.000 долари во тоа време, на оние кои му помогнале- тврди Вини Мандела.
Инаку на спорното земјиште се наоѓа и куќата во која Мандела живееше по истекување на претседателскиот мандат. Таа е дел од наследство во кое спаѓа неговата родна куќа, училиште и црква.
Е. Г.