Поранешен израелски шеф на разузнавање го критикува Нетанјаху за пристапот кон Иран

Од:

Неодамна пензионираниот шеф на израелската разузнавачка агенција Шин Бет, Јувал Дискин, изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху дејствувал неодговорно во однос на нуклеарната програма на Иран и го обвини дека ги става личните стравувања над националните интереси.

Дискин, кој беше на чело на израелската служба за внатрешна безбедност од 2005 до 2011, изразуваше слична критика и претходно.

Тој тврди дека Нетанјаху се обидел да го убеди него и колегите да ја одобрат, како што тврди „незаконската“ одлука Иран да биде нападнат. Дискин вели дека присуствувал и на „чудна“ средба со Нетанјаху, со министерот за одбрана Ехуд Барак и тогашниот шеф на дипломатијата Авигдор Ливерман, на која ја разгледале нуклеарната закана, со, како што вели, „пури и алкохол“.

Дискин тоа го раскажа во интервју со режисерот на документарен филм, посветен на познати израелски шпиони. Интервјуто беше објавено во израелскиот весник „Једиот ахронот“.

Во писмено соопштение од Кабинетот на Нетанјаху ги нарекоа коментарите на Дискин неосновани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски