Поранешен британски министер осуден на осум месеци затвор за мамење на полицијата

Од:

Поранешниот британски министер за енергија Крис Хјун и еден од претендентите за иден лидер на партијата Либерални демократи е осуден на осум месеци затвор за попречување на правдата и за давање лажна изјава во полицијата.

Заедно со него, на истата затворска казна е осудена и неговата поранешна сопруга Кети Прајс, угледен британски економски експерт со грчко потекло.

Двајцата се осудени за еден инцидент околу пребрзо возење, што се случил пред десет години. За него веројатно никогаш немаше да се дознае, доколку сопругата на Хјун не беше толку многу гневна на него поради љубовната афера со една неговата соработничка од партијата.

Гневната Прајс во интервју за „Сандеј тајмс“ откри дека таа морала да дава лажни изјави за да ја поффржи неговата политичка кариера и неговите амбици во 2003 година да биде избран за пратеник во британскиот Парламент.

Прајс призна дека Хјун ја натерал во полицијата да изјави дека таа го возела семејниот автомобил, кога возилото од камерите било „уловено“ за пребрзо возење. Исплашен дека ако ја признае вината ќе ја загуби возачката дозвола, а со тоа и можноста да биде избран за пратеник, Хјун ја убедил тогашната сопруга да ја преземе вината, па така казната за пребрзо возење и било запишана на Прајс.

Одмаздата на измамената сопруга не ја спаси од обвинувањето, па и таа како и Хјун беше осудена за истото кривично дело. Нејзиниот обид на судењето да ја оправда својата постапка, предизвика првата порота да не може да се согласи околу нејзината вина, па Судот мораше да организира второ судење.

Некогашниот амбициозен политичар и еден од архитектите на сегашната владина коалиција, прво ги негираше откритијата на Прајс во весникот, но на судењето ја призна вината.

Претставник на либералните демократите изјави дека тие двајцата се најпознатите затвореници во Велика Британија. Лондонските медиуми, пак, целиот случај го прикажуваат како најспектакуларениот брачно-политички триаголник во домашната политика.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот