Поранешен банкар во Швајцарија е првиот осуден во корупцискиот скандал на ФИФА

Од:

Поранешен банкар во Швајцарија е прогласен за виновен за перење пари, во рамки на широката истрага за корупција во светската фудбалска организација ФИФА.

Суд во Њујорк го осуди Аргентинецот Хорхе Арзуага, поранешен вработен во швајцарската банка „Јулиус Баер“ по неговото признание дека ги преправал сметките за да им овозможи на високите фудбалски функционери да примаат милиониски износи мито и поткуп.

Ова е прв случај на швајцарското државно обвинителство што заврши со осудителна пресуда за еден од обвинетите во скандалот на ФИФА.

Арзуага е прогласен за виновен за фалсификување на службени документи и за создавање систем за перење на „валканите“ пари.

Според швајцарското обвинителство, тој ке го загуби правото на користење на парите од неговата банкарска сметка, од 650.000 долари. Овие пари се прогасени за криминално стекнати пари во корупциски операции и исплати, па затоа ќе бидат префрлени во буџетската каса на Швајцарија.

По осудата, Хорхе Арзуага е пуштен на слобода со кауција, каде ќе ја чека пресудата. Висината на казната треба да му биде изречена на 4 јануари идната година.

Швајцарските власти соопштија се води истрага за уште 25 одделни случаи, поврзани со корупциските скандали во ФИФА.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта