Поранешен аналитичар во НСА обвинет за распространување доверливи информации

Од:

Министерството за правда на САД соопшти дека поранешниот аналитичар во Агенцијата за национална безбедност (НСА), Даниел Хејл, бил уапсен денеска во Нешвил, Тенеси, поради распространување на доверливи информации.

Тој е обвинет по пет точки од кривичниот законик поврзани со примање, чување и предавање на информации од националната одбрана, тајни разузнавачки податоци и кражба на државна сопственост.

– Поранешниот аналитичар од разузнавачката служба незаконски се стекнал со доверлива информација поврзана со националната одбрана и ја предал на новинар, се вели во соопштението за јавноста.

Хејл работел како аналитичар во НСА а потоа и како аналитичар за политичка географија во Националната агенција за геолокациско разузнавање (НГА) каде што незаконски се стекнал и предавал доверливи информации на новинар.

Во 2013 и 2014 година тој комуницирал и се среќавал со новинарот на кого му предал најмалку 17 документи означени со „доверливо“ или „строго доверливо“. Информацијата била поврзана со националната одбрана која потоа целосно или делумно била објавена од медиумот на новинарот.

Поранешниот аналитичар на НСА може да добие максимум 10 години затвор по секоја петте точки за кои е обвинет.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето