Поранешниот амбасадор на Египет во САД, Набил Фахми, прифатил да биде шеф на египетската дипломатија во преодната влада, која се формира по отстранувањето на претседателот Мохамед Морси од власта.
Времениот премиер Хазем ел Беблави се очекува да состави кабинет, во кој ќе влегуваат претежно технократи и либерали.
Според планот на војската, кабинетот ќе ја раководи земјата до составувањето на целосна цивилна управа на Египет.