Пораки од Иран по заканата на Трамп: Вооружените сили „ги држат прстите на чкрапалото“

Од:

Вооружените сили на Иран „ги држат прстите на чкрапалото“ за „веднаш и енергично да одговорат“ на какви било напади врз земјата, вели иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Арагчи.

„Вредните лекции научени од 12-дневната војна ни овозможија да одговориме уште посилно, побрзо и подлабоко“, напиша Арагчи на социјалната мрежа X, според Ал Џезира.

„Во исто време, Иран отсекогаш го поздравувал заемно корисен, фер и праведен нуклеарен договор – на еднаква основа и без принуда, закани и заплашување – што ги обезбедува правата на Иран на мирна нуклеарна технологија и гарантира непоседување нуклеарно оружје“, додаде тој.

Али Шамкани, висок советник на врховниот лидер на Иран, додаде дека ограничениот удар е „илузија“, додека секоја воена акција на САД би се сметала за почеток на војна.

„Секоја воена акција, од САД, од какво било потекло и на кое било ниво, ќе се смета за почеток на војна, а нејзиниот одговор ќе биде непосреден, сеопфатен и без преседан, насочен кон срцето на Тел Авив и сите поддржувачи на агресорот“, напиша Шамкани на социјалната мрежа X.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран